
Радио станицата „Тарнер“, го пренесе предупредувањето на д-р Каплан за планетата која оди кон Земјата. Според лицето кое се идентификува како др. Каплан од Универзитетот на Тексас, објектот чија големина е колку на планета, ќе се приближи до Земјата во август 2014 година.
Д-р Каплан, исто така, вели дека Земјата пред планетата да пристапи кон неа, ќе го почувствува влијанието од гравитацијата на небесното тело.
Радио станицата „Тарнер” разговарала за овој случај со други геолози и астрономи, кои потврдиле дека ако пресметката Каплан е точна, земјата ќе се соочи со страшна катастрофа.
Сè ќе започне со временски аномалии. Тогаш ќе се зголеми бројот на земјотреси и вулкански ерупции, бидејќи магмата од земјата ќе биде привлечена од гравитацијата на таа планета.
Овие експерти изјавиле дека ќе дојде до страшни цунами до 1000 метри надморска височина, кои ќе се движат со брзина од 1.200 километри на час, удирајќи во близина на обалата на Земјата.
А кога оваа планета ќе биде до најблиската точка до Земјата во август 2014 година, на земјата ќе се прошират разорувањата поради движењата на тектонските плочи. Еден од експертите вели дека во зависност од гравитацијата на планетата и аголот на приближување и самата ротацијата на земјата може да биде целосно запрена.
Д-р Каплан предупреди дека приближувањето и поминувањето на оваа планета целосно ќе ја смени површината на Земјата, што за нас ќе биде нешто сосема непознато.
Извор: Sky.mk