На североистокот во Англија времето од почетокот на годината е толку многу лошо што пингвините кои се во заточеништво ги лечат со антидепресивни лекови…

pingvini
Вкупно 12 пингвини од видот Хумболт со потекло од Чиле и Перу покажале симптоми на стрес поради што ветеринарите одлучиле да им стават таблети во храната, изјавила Линдси Крофорд, директорката за засолништето за пингвини во Скаборо, на брегот на Јоркшир, подрачје кое е погодено од силни дождови.

– Иако доаѓаат од подрачје каде временските услови се слични, пингвините не навикнале на лошо време на  подолг период – изјавила таа.

Пингвините покажуваат дека се под стрес кога сакаат да останат на топло место, отколку да пливаат во вода.

– Се надеваме дека ќе сфатите дека не се во опасност. Тие не знаат дека се под терапија, бидејќи тоа се мали желатински таблети кои немаат непријатен вкус – додала Крафорд.

Овој вид пингвини живеат во Јужна Америка, и им се заканува истребување поради глобалното затоплување.