Доколку видите дека се наближува рокот на траење на одредени продукти некои мора веднаш да ги фрлите…

jajce slanina

Овие пет продукти ќе можете да ги изедете и кога ќе им истече рокот.

Јајца

Јајцата во ладилник можат да бидат три до четири дена и по истекот на датата на употреба (наведена на пакувањето). Со стареењето јајцето губи на квалитет, па ако планирате да ги употребите за некои колачи, подобро прескокнете ги.

За да проверите дали јајцето е свежо наполнете длабок сад со вода и внимателно положете го јајцето – свежото јајце веднаш ќе потоне.

Житарки

Кутиите со житарки за појадок имаат ознака до кога важат, а житарките ќе бидат свежи и нималку опасни за јадење и три месеци после истекувањето на рокот на траење.

Јаболки

Јаболките ставете ги во пластична ќеса на која ќе направите неколку дупки за да може воздухот да циркулира. Држете ја кесата во ладилник, а јаболките ќе бидат свежи и после три недели.

Салама

Хермерички затворената индустриска салама можете да ја чувате и до две недели по рокот на пакување.

Јогурт

Јогуртот кој стои во ладилник може да се искористи без опасност барем уште седум до 10 дена по истекувањето на рокот на траење.