
Ако не ви е до диети, а би сакале да се „стеснете“ по некој сантиметар во подрачјето на половината, во помош ви доаѓаат вкусни и свтини супер продукти кои спречуваат подуеност и рамнење на стомакот…
1. Овесните снегулки се полни со влакна и не нè отекуваат, а создаваат чувство на ситост.
2. Јогуртот е одличен меѓуоброк, одличен за проблемот со подуеноста бидејќи поттикнува побрзо работење на цревата и овозможува полесно варење. Најдобар е пробиотичкиот јогурт, а можете да го надополните со мед и со свежо сезонско овошје. Избегнувајте ги оние јогурти со помал процент на маснотии бидејќи ја поттикнуваат подуеноста.
3. Авокадото изобилува со незаситени масти, кои влегуваат во категоријата на здрави масти. Одличен е за чувство на ситост, а притоа не дебелее и посебно делува на подрачјето околу половината и придонесува за намалување на мастите на тој дел од телото.
4. Зелениот чај е антиоксидант кој е одличен за здравјето на целиот организам и за рамниот стомак. Освен што влијае на висината на шеќерот во крвта тој е и благ диуретик.
5. Краставиацата е одличен продукт кој помага во исфрлувањето на течностите од организмот. Јадете ја со лушпа која го поттикнува организмот на варење.
Извор: Plusinfo.mk