
Кардиоваскуларните заболувања не се ретка појава, а превенција е секако здравата исхрана…
Постојат пет видови на храна кои ќе ви помогнат да имате здраво срце.
Овесот за појадок е здрав начин да го започнете вашиот ден. Овесот се препорачува од нутриционистите, бидејќи е богат со растителни влакна, што придонесува за здравјето на артериите.
Јогуртот не само што го подобрува варењето на храната, тој исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Иако не влегува во исклучителна храна која е „лек за сè”, јогуртот секако придонесува за здравјето на срцето.
Маслиновото масло може да се користи наместо путер или стандардното масло во исхраната, а ви овозможува подолг и поздрав живот. Маслиновото масло го намалува ризикот од развој на болести на срцето и го намалува нивото на лошиот (ЛДЛ) холестеролот.
Риба треба да јадатете двапати неделно, што резултира со здрави крвни садови. Рибата го намалува крвниот притисок и ја спречува неправилната работа на срцето.
Спанаќот е зелен лиснат зеленчук кој ќе го зајакне срцето и имунолошкиот систем. Тој е богата со растителни влакна и калиум, а познат е и по тоа што го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Извор: Plusinfo.mk