Секојдневно се соочувате кои витамини се најважни за Вас и вашето здравје…

vitamin-b1

1.Витамин А

Многу важен витамин кој е добар за вид, здрава кожа, коса коски и заби. Делотворен е и кај заздравување на рани. Се препорачува земање на овој витамин и неколку месеци пред и за време на сончање. Пронајдете го во портокал, жолто овошје и зеленчук, морков кељ, путер и полномасно млеко.

2.Витамин Ц

Витамин кој е познат по заздравување на раните, изгоретини, модрици и скршени коски. Може да ги намали болките кај реуматски аритритис, срцеви тегоби, а најпознат е по спречување на настинка.

Најдобар извор на витаминот Ц се разновидено овошје и зеленчук, но секако свежо, но го има и во изнутрици и мозок.

3.Витамин Д

Овој витамин има задача да ја задржи рамнотежата на калциум во организмот. Добар витамин во борба против настинка и вируси, но ги чува и забите и коските.

Присутен е во продуктите од животинско потекло, а најмногу го има во рибите, односно сардини, лосос. Во јајцата, посебно жолчката, путер и млечни производи.

4. Витамин Е

Силен витамин кој влијае врз работата на имунолошкиот систем, ендокриниот и надворешниот систем на жлезди. Силен оксиданс и ги спречува нестабилните молекули да ги оштетуваат клтките и ткивата. Спречува прерано стареење на кожата, Најмногу го има во билните масти, орасите, морските плодови, јајца и авокадо.

5.Витамин К

Потребен во многу мали количини, но потребен е за производство на клучни белковини кои се важни за згрутчување на крвта и за работа на бубрезите и метаболизмот на коските.

Може да се најде во зелка, спанаќ, коприва, домат, грашак, морков, компир, млеко и сирење.