Перо Антиќ, првиот Македонец кој заигра во НБА лигата, продолжува да испишува историјата во најсилната кошаркарска лига на светот.

antic3

Антиќ ќе биде учесник на „Ол Стар“ викендот, откако е еден од деветмината дебитанти кои се избрани да играат на овој натпревар.

После одличните настапи за Атланта Хокс каде што Антиќ беше лидер на „Јастребите“ на неколку натпревари по ред, а воедно го забележа и својот прв дабл-дабл учинок, Перо сега доби шанса да учевствуа на Rising Star Challenge на кој учествуваат најдобрите дебитанти и кошаркари кои се втора сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

„Им благодарам на соиграчите и луѓето од Атланта Хоукс. Горд сум што ќе го претставувам тимот и мојата земја Македонија во „Њу Орлеанс“, напиша Антиќ на својот Твитер профил.

Антиќ во досегашниот дел од сезоната на 29 натпревари ималч просечни 5,8 поени, 3,4 скока и една асистенција по натпревар.

„Ол Стар“ викендот, во НБА лигата ќе се одржи од 14 до 16 февруари во Њу Орлеанс.

Извор: Sportski.mk