
Задоволство ми е што на овие избори влегувам како кандидат на здружената опозиција, на чело со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кои се единствената организирана сила која може да ја промени Македонија на подобро, истакна во своето обраќање Пендаровски…
Тоа е политичката структура која понесе голем товар и во борбата за создавање на современата македонска држава. Многу од нејзините субјекти се нераскинлив дел и од историјата на Македонската револуционерна организација која е заедничко, вредно наследство на сите Македонци.
Во овие моменти не чувствувам само чест што сум кандидат за оваа функција, туку и обврска, доколку бидам избран да застанам на чело на едно широко граѓанско движење кое треба да ги донесе нужните промени во земјата.
Еве го што друго рече Стево Пендаровски и кој е неговиот концепт како претседателски кандидат…