Оваа 2014-та година патиките на платформа, канџите и омбре фризурите се во тотален аут…

Ombre_hair_02

Капи

Популарните „бини“ (beanie) капи ги преплавија модните блогови и улиците на градови,  ги носеа и лето и зима во неутрални и интензивни бои. Овој тренд упорно опстанува, но можеби сепак би требало да остане во 2013.

Омбре

Оваа фризура која била популарна во „гранџ“ ерата, предизвика вистинска епидемија меѓу познатите личности. Ваквиот начин на боење коса каде делува како да имате огромен израсток, а сите врвови како да сте ги натопиле во посветла боја, не бомбардираше од сите страни и дефинитивно би требало да биде заменет со некој нов тренд.

Изменети логоа на познатите марки

Во текот на целата мината година познатите личности ги носеле тренд дуксерите и маиците со логоата на познатите брендови, но изменети на помалку шеговит начин. Така, „Картие“ стана „Кантие“, „Ермес“ стана „Омиес“, а „Гучи“ стана „Бучи“. Ова навистина беше забавно изесно време, но познатите малку претераа и дефинитивно е време за некој нов тренд.

Патики со платформа

Патиките со платформа направија вистинска револуција во 2013 година кога ги лансираше модната куќа „Изабел Марант“, но после бројните копии и варијации на таа тема, овие патики ги имале своите пет минути, можеби дури и предолго.

Машки кожени шалвари

Изминатата 2013 години беше годинса во која пејачите не изненадија со нова мода на машки кожени шалвари. Тие толку беа убедени дека таквите панталони се последен крик на модата, така што раперот Кање Вест дури изјавил дека тој ги измислил. За среќа, по Џаред Лето, Дрејк и Џастин Бибер, не се осмелиле уште многу мажи да си играат со оваа чудна (и неудобна) комабинација на материјали и стилови.

Канџи

„Нејл арт“ (Nail art) го имаше своето големо повратништво во 2013 година, каде бројни познати личности, како Ријана и Зои Дешанел константно носеа „канџи“ украсени со шарени лакови, накит, цветчиња, циркони итн. Фотографиите од вакви нокти го преправија Инстаграм. Ќе видиме уште колку време оваа мода ќе потрае.

Пемплум

Немаме ништо против овој тренд, но дефинитивно е премногу користен во 2013 година и крајно време е да бидеме поиновативни. Исто така, она што не оди во прилог на овој тренд е тоа што не им стои добро на жените со облини бидејќи ги прави здепасти.

Проѕирни ташни

Дефинитивно не постои ништо „шик“ во тоа сите да видат што носите во торбата, но во претходната година благодарение на модната куќа „Фурла“ ваквите ташни беа омилени меѓу следбениците на модата. Направени од гума, ваквите торби потсетуваат на оние детските во кои ги носевме кадифените играчки. Дефинитивно нешто би требало да остане во 2013 година.

Проѕирни фустани и маици

Без разлика дали се тоа фустани, маици, блузи, проѕирното беше општ тренд во 2013 години. Некои беа доволно храбри да го изнесат овој тренд и без долна облека, а во 2014 години дизајнерите би можеле да смислат нешто ново.

Кондури со рамна платформа

Кондурите со голема рамна платформа беа многу популарни минатата година, посебно во таканаречената „улична мода“, но многумина беа едноставно одбојни и грди.