Во организација на граѓанската асоцијација МОСТ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од 14 до 16 март во Охрид, беше одржана „Младинска конференција за свеста за демократските вредности во изборниот процес”, на која 55 претставници на подмладоците на 19 политички партии дискутираа за улогата на подмладоците во политичките партии и изборниот процес, како и за предизвиците и научените лекции во текот на изборите…

mladi„Во текот на содржајната и плодна дискусија, учесниците ги донесоа следните заклучоци: Инспирацијата за членување во политичките партии младите треба да ја црпат од нивните идеали и вредности насочени кон подобрување на општествените состојби; Потребно е да се овозможат услови за привлекување на квалитетни млади луѓе во политичките партии и да се промовираат позитивни примери со кои ќе се придонесе кон зголемување на довербата на граѓаните во политичките партии; Политичките партии треба да ги подобрат механизмите за обезбедување ефективно учество на младите во процесите на креирање политики во рамките на политичките партии. Да се зајакнат механизмите за обезбедување поголема застапеност на подмладоците на политичките партии на кандидатските листи; Потребно е поактивно учество на младите во креирањето на изборните програми, не само во делот на младинските политики туку и во другите сегменти од изборните програми. Да се користат новите медиуми како ефективна алатка за промоција на кандидатите, изборните програми и комуникација со електоратот; Подмладоците на политичките партии да иницираат контакти и редовна комуникација за време на изборната кампања и преку креативни активности да овозможат предуслови за содржинска демократска дебата на идеи и програми со цел унапредување на политичката култура”, се наведува во соопштението на МОСТ.

Подмладоците на политичките партии заклучиле дека „ќе поттикнат редовна комуникација и дебата помеѓу младите за младинските прашања, проблемите и за нивните решенија, ќе работат на овозможување на услови за фер кампања и ќе се залагаат за фер и слободни избори.

Извор: Plusinfo.mk