Папата Франциско добива 30 вреќи писма недела, отприлика шест илјади во шест работни денови, што годишно би биле повеќе од 300.000 илјади, соопшти монсињор Џулијано Галорини за Ватиканскиот телевизиски центар , кој е шеф на канцеларијата во првиот отсек на Државниот секретаријат за внатрешни работи…

popeАмериканските новинари соочени со тие податоци, тврдат во шега (но не далеку од вистината), дека повеќе писма годишно прима само Дедо Мраз. Но и неговите „канцеларии“ по националните поштенски управи во светот, имаат далеку повеќе вработени отколку малата канцеларија кој ја води монсињор Галорини, по наслов капелан на Неговата Светост.

Неговата канцеларија ја собира во една соба, каде заедно со монсињор работат тројца службеници, од кои една монахиња. Тие четворица прво ги разделуваат писмата по јазици во картонски кутии на нивните маси или на подот, а потоа ги читаат и всушност ги филтираат што од тоа ќе оди кај папата во раце, а што ќе решат сами или да достават на некој друг.

 Тоа најчесто се молби за молитви односно утеха. Причина најчесто се несреќи и болести. Молат молтивен разговор за оздравување. Или ги опишуваат своите тежини со финансиската ситуација – вели Галорини.

Најитните и најважните писма доаѓаат во рацете на двајца лични секретари на папата, тие да ги разгледаат и да ги дадат на папата. На масата на папата доаѓаат сите деликатни писма кои се однесуваат на прашањето совест – тврди Галорини. Барањата за економска помош се упатуваат на територијално надлежниот Каритас, да види што тука може да се направи.

Папата Франциско во почетокот на својот понтификат мислел дека ќе може да работи без секретари, сам да го крева телефонот и да прима пошта, но набрзо од тоа морал да отстапи, па и на молбите на осигурувањето кој понизно но одлучно барале папата да именува секретар кој барем ќе ги информира каде поглаварот на Католичката црква оди, за да можат делотворно, а ненападно да го штитат. Како сам човек би излегол на крај со шест илјади писма неделно?

Од друга страна, папата испраќа пораки преку Твитер (иако не би се заколнал дека сам ги пишува, иако сигурно барем ги одобрува), но не ги чита евентуални пораки кои на Твитер му пристигнуваат ,ниту на нив одговара.

Уште по куриозно е дека нема ни адреса на електронска пошта ниту ја користи. Прима само старинска хартиена пошта, наречена snail-mail (полжав- пошта) како што во жаргон ја нарекуваат комуникаторите преку имејл.

На писмата упатени до папата  обично во негово име (и со негово одобрување) одговараат високи куријални функционери, како заменик државен секретар или секретар за односи со државите, па и кардинал државен секретар кога протоколот тоа го бара (неговата должност е изедначена во дипломатската пресеанса со премиерската), додека папата лично ги потпишува само на шефовите на државите и секако, кога испраќа службени писма и дописи на (енциклики, апостолски наговори, мото пропорио т.н.) како поглавар на Католичката црква. Секако, ја потпишува и својата приватна кореспонденција, но таа не е предмет на овој преглед.

Извор: Plusinfo.mk