Руби, африкански сив папагал бил изложен во „Норткатс Гарден“ центарот во Ештон, Велика Британија, но тој не им се допаднал на муштериите бидејќи непрекинато пцуел…

papagalПоради „вулгарните зборови“ персоналот на продавницата морал да го отстрани оттаму,  но за овој редок папагал не е сè изгубено, јавува британски „Телеграф“.

Со папагалот во моментот работат стручњаци кои треба да го одвикнат од употребата на пцовки, па ќе се обидат да го вдомат.

– Одлучивме да го тргнеме од центарот, откако добивме бројни поплаки од муштериите и изгледа дека папагалот го проширил својот речник со грди зборови и фрази – изјавил претставник на Норткаст.

Инаку африканските папагали се нарекувани и „Ајнштајн во светот на папагалите“ поради нивната интелигенција.

Студија во 2012 година покажала дека се способни да размислуваат на ниво на дете.