
Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска, на 59. издание на „Евровизија“ ќе ја претстави Македонија со англиската верзија на евровизиската песна, насловена „To the sky“…
Ова завчеравечер го изјави шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова, во интервју за емисијата „Стисни плеј“ на државниот сервис.
– Намерно оставивме малку простор пред да ја донесеме конечната одлука, но навистина сме задоволни со изборот. Многу поголем е процентот на оние коишто повеќе им се допаѓа англиската верзија. Публиката се изјасни самата – вели Мери Попова, шеф на Македонската евровизиска делегација.
До крајот на март се очекува евровизиската тема да добие и официјален видеозапис, а по завршувањето на средбата на шефови на делегации во Копенхаген на 15 март, ќе почне и промотивната турнеја на Тијана Дапчевиќ.
Интересно е тоа што Македонија е одбрана меѓу седумте земји кои со педесет проценти од своето гласање ќе одлучат кој ќе ја претставува Белгија на Евровизија. Неколку члено жири од Македонија предводено од шефот на делегацијата Мери Попова ќе имаат задача да им помогнат на колегите од Белгија околу изборот на нивниот претставник.