
Како и што претходно објавивме Претседателката на ОО на СДСМ од Делчево е кандидатот на СДСМ за иден пратеник во македонското собрание…
Мира Стојчевска и официјално е кандидатот на СДСМ во Делчево кој ќе се бори на претстојните предвремени парламентарни избори да влезе во парламентот и да ги брани иинтересите на делчевчани.
Кандидатот за пратеник на СДСМ од Делчево, Мира Стојчевска во листатата на пратеници во третата изборна единица на истокот се најде на високото 6-то место, со што е и очекувано СДСМ од Делчево да добие уште еден нов претставник во македонското собрание.
Ова предмалку беше потврдено на 17-от Конгрес на СДСМ кој се одржа во хотелот Холидеј ИН воо Скопје, на кој беа потврдени пратеничките листи и носителите на истите.
Еве ја листата на пратеници на СДСМ во 3-та изборна единица:
1. Марјанчо Николов
2. Ален Георгиев
3. Јагода Шахпаска
4. место за коалиционен партнер
5. Миле Андонов
6. Мира Стојчевска
7. место за коалиционен партнер
8. Борјанчо Мицевски
9. Даница Рамбова
10. Делчо Илиев
11. Зоран Наков
12. Наташа Богдановска
13. Александра Митровска
14. место за коалиционен партнер
15. Тимчо Ристовски
16. Гордана Стојанова
17. Кирил Шапкалиевски
18. место за коалиционен партнер
19. Ангел Јанков
20. Славче Димов