Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ откако вчера ги објави носителите на пратеничките листи од оваа партија, подоцна ги објави и целосните лити за пратеници истата партија и нејзината коалиција.

vmro dpmne delcevo

Премиерот Никола Груевски ќе ја води првата изборна единица. Гордана Јанкулоска по трет пат ќе оди на победа во двојката додека од шестката на овие избори во тројка се сели Никола Тодоров.

Четвртата изборна единица повторно ќе ја предводи Зоран Ставрески додека во петката по трет пат во изборната трка ќе влезе Антонио Милошоски. Шестката на овие избори е резервирана за Никола Попоски.

Кандидат за пратеник од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево е  пензиноираната докторка Милка Христова, која се наоѓа на 15-то место на листата.

Погледнете ја целата листа на кандидати за пратеници за 3-тата изборна единица:

ИЕ 3

1.       Никола Тодоров
2.       Владимир Ѓорчев
3.       Слаѓана Митовска
4.       Илија Димовски
5.       Никола Мицевски
6.       Магдалена Манаскова
7.       Емил Димитриев
8.       Трајчо Димков
9.       Благица Ласовска
10.   Стојан Миланов
11.     Иван Иванов
12.   Сузана Секуловска
13.   Марјанчо Колевски
14.   Ѓорѓи Коџобасиев
15.   Милка Христова
16.   Миле Пацемски
17.   Маја Стојановска
18.   Марјан Милошевски
19.   Лилјана Андоновска  Димитровска
20.   Снежана Санева