Од печат излезе Отчетот за работата на на Градоначалникот Дарко Шехтански за изминатите десет месеци од неговиот мандат…

otcet_2014_01

Од Општина Делчево велат дека преку ова печатено издание сакаат да ја запознаат целокупната јавност за реализираните проекти на Градоначалникот Шехтански како и сите тековни активности на Општина Делчево.

Во печатеното издание на Отчетот на Градоначалникот Шехтански се сместени целокупните реализирани проекти, но и оние кои се во тек на реализација.

Имено станува збор за десет големи проекти од капитален инфраструктурен карактер кои се целосно реализирани, како и тековна реализација на уште единаесет исто така големи проекти. Кон ова како што велат се надоврзува и реализацијата на над 40 проекти од областа на културата, спортот, образованието, граѓанската соработка и различни други сфери, кои општината Делчево тековно ги спроведе во изминатиот период.

Отчетот на Градоначалникот Шехтански како што истакнаа ќе биде доставен во домовите на граѓаните на Општина Делчево, каде што граѓаните преку ова печатено издание ќе можат самите лично да се информираат за она што е сработено и што се работи , но и за тоа каде се трошат парите од Буџетот на Општина Делчево.