Тим германски биолози во САД идентификува нов вид мравки, кои ги заробуваат другите мравки и ги претвораат во робови, користејќи ја техниката на инфилтрација, слично како нинџа воините…

slave-and-slavemaker

Новиот вид, од типот Темнотхораџ, што опфаќа неколку стотина видови мали мравки кои живеат на дрвја и на шумското тло, е наречен „пилагенс“, што на латински значи „ограбувач“, поради начинот на кој упаѓаат во туѓите мравјалници за да од нив ги извлечат мравките кои ќе им служат како робови.

За разлика од познатите мравки-робосопственици од шумите во Амазон, кои се движат во напад со 3.000 војници, Темнотхораџ пилагенс тоа го прават посуптилно, во далеку помал број, прикрадувајќи му се на непријателот.

Биолозите од Универзитетот во Мајнц и Природниот музеј Сенкенберг во Герлиц не забележале ништо слично за време на упадот на нинџа-мравките во туѓиот мравјалник. Не само што нивните жртви не се бранат, туку го пуштаат непријателот да им ги однесе ларвите, па дури и возрасните единки кои подоцна ќе работат како ропска сила.

Истражувачите утврдиле дека нинџа-мравките испуштаат специфична хемиска супстанца која спречува нивниот плен да ги препознае како непријатели.

Извор: Plusinfo.mk