Рендгенски анализи и фотографски техники ја открија вистинската софистицираност на мистериозниот антикитерски механизам – уред чие откритие е еднакво на автомобил со внатрешно согорување во средниот век.

уред

Во 1.900 година нуркачки откриваат остатоци од римски брод недалеку од грчкиот остров Антикитера. Меѓу останатите археолошки богатства се наоѓа и ‘рѓосана грутка метал, која во себе крие механизам со не јасно потекло и карактеристики – запчаници, сложена механика и неколку врежани грчки зборови. Археолозите претпоставувале дека тоа е некаков астрономски гаџет, но вистинската убавина на уредот останала скриена до неодамна спроведените истражувања со модерни техники за анализа.

уред

Првично артефактиот бил фотографиран со техника која ја изложува неговата површина на различни светлосни модели. Различните нивоа на контраст кои се добиле биле комбинирани, им овозможиле на научниците да прочитаат многу повеќе од гравираните грчки симболи. Потоа преку ренгенови фотографии е изготвен целосен дигитален 3-Д модел на механизмот, кој за прв пат покажува некои од посложените односи меѓу забните тркала и нивното движење.

уред

Откритијата објавени во престижното списание Nature, се опишуваат како неверојатни. Уреди со ова ниво на сложеност неможат да бидат најдени повеќе од 1.500 години пред Антикитерскиот механизам. А дури и многу подоцнежните слични апарати не можат да се споредуваат со компактноста и интересниот дизајн на античкиот артефакт, кој најверојатно бил создаден во далечната 150 година п.н.е.

Со помош на генијалниот систем од запчаници, уредот може да се користи за да се предвидува месецот, денот и часот на еклипсите, а  може да се покажат и високосните години. Тоа ги покажува и позициите на Сонцето и Месечината во хороскопскиte соѕвездија, располага и со посебен црно-бел камен кој ги покажува фазите на Месечината. Исто така артефактиот може да ги покажува астрономски позиции на планетите кои биле познати на древните народи – Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн.

Мистеријата за античкиот гениј од кој бил создаден овој механизам, сеуште останува нерешена. Научниците се обидуваат да го поврзаат апаратот со Архимед, цитирајќи документи напишани од страна на Цицерон, но овој уред бил изграден по смртта на античкиот пронаоѓач и природо-философ. Гравираните букви покажуваат дека механизмот е со коринтско потекло или припаѓа на некоја коринтска колонија.

Комплексноста на механизмот покажува дека античните народи биле способни за создавање на интелигентни совршености, кои ги импресионираат дури и современите научници.

Извор: Socialnet.mk