vlado-popovski-vrabouvanje

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, ќе учествува во активноста Отворени денови со Агенцијата за вработување во Центарот за вработување Делчево.

На настанот ќе присуствуваат сите заинтересирани работодавачи и невработени лица од беровскиот регион, при што ќе имаат прилика да се информираат за сите прашања од дејноста на Агенцијата за вработување, како и за можноста за вклучување во активните програми и мерки за вработување.

Настанот ќе се одржи во периодот од 11.30 – 16.30 часот во просториите на центарот за вработување Делчево.