Осигурителните компании лани исплатиле за 1,8 отсто помалку пари за покривање на штетите на осигурениците…

osiguruvawe 2

Лани исплатиле вкупно 2,96 милијарди денари (48,1 милиони евра), но во споредба со 2012 година граѓаните лани пвеќе ги обжалувале одлуките на компаниите при што поднеле 148 претставки, информираше Здружението за осигурување при Стопанската комора на Македонија.

– Тоа говори за фактот дека граѓаните стануваат се повеќе информирани за своите права и за начините за алтернативно решавање на споровите, преку кои ќе се избегнат долгите судски процедури – вели  членот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување, Зоран Стојановски.

Податоците со кои располага Здружението  покажуваат дека по двегодишна загуба, лани осигурителниот сектор првпат ја завршил со добивка од околу 228 милиони денари при што е остварена бруто полисирана премија во износ од 7,19 милијарди денари,повеѓе за 2,6 отсто во однос на  2012 година, а во делот на осигурување за живот е забележан пораст од 21,96 проценти.

– Македонскиот осигурителен пазар има огромен потенцијал за раст. Просечната премија по глава на жител во Македонија изнесува околу  57 евра, а со највисока премија по глава на жител   од опкружувањето  е Словенија со над 1.000 евра годишна премија, што е една половина од европскиот просек од 2.000 евра -рече претседателот на Здружението за осигурување, Ило Ристовски.

Од Здружението за осигурување очекуваат годинава да продолжи растот и тоа и во сегментот на осигурување на живот, како и кај неживотното осигурување.

Извор: Plusinfo.mk