Кога некој ќе го спомене” Ориент експрес” првата помисла на која наведува е луксуз, гламур и сјај…

orient expressСекако, помислата не погрешна. Слободно може да се каже дека „Ориент експрес“ е синоним за луксузно патување, а и отсекогаш било така.

Својата прва маршрута, која е отворена во 1883 година, „Ориент експрес“ ја возел од Париз (Франција) до Ѓерѓ (Романија), со станици во Минхен и Виена. Славната траса е отворена во 1885 година и одела преку Виена и Белград до Ниш.

Луксузниот воз ја доживува својата кулминација во 40-тите години на 20 век, кога на патот кон истокот, патувал на три ленти: „Ориент експрес“, „Симплон Ориент“ и „Арлберг Ориент експрес“.Токму во тоа време тој станува синоним за луксузно патување.

Се додаваат вагони за спиење и ручање, кабините дишат со гламур, а на менито на „Ориент експрес“ се наоѓаат врвни специјалитети. Сето она што би го восхитило богатиот дел од населението, благородништвото, дипломатите, деловните луѓе, си наоѓа место во вагоните на „Ориент експрес“.

Оригиналната траса на „Ориент експрес“ и „Арлберг Ориент експрес“ е запрена во 1962 година, а со работа продолжил само „Симплон Ориент експрес“, кој дневно сообраќал меѓу Париз и Белград, додека два пати седмично меѓу Париз, Истанбул и Атина.

Во возењето на луксузниот воз, голем број на луѓе уживаат и денес, зашто од 1982 година, повторно е отворен „Симплон Ориент експрес“, и тоа со оригинални, но реновирани вагони, кои датираат од 1930 и 1940 година.

Возот сообраќа еднаш неделно и тоа во периодот од март до ноември. Ова добро препознатливо име на возот го преземала и Америка, па сега американскиот „Ориент експрес“ сообраќа на северниот дел од американскиот континент: САД, Канада, Мексико.

Најпопуларните и најпрестижни патувања со овој луксузен воз низ Европа се одвиваат на делниците: Лондон – Венеција; Лондон – Париз; Венеција – Лондон, Париз – Будимпешта – Букурешт – Истанбул; Венеција – Краков – Дрезден – Лондон.Венецијанскиот „Симплон Ориент експрес“ патува и на неколку други европски дестинации: Венеција – Париз; Венеција – Прага – Лондон; Венеција – Будимпешта – Лондон, Венеција – Виена – Лондон.

Извор: Plusinfo.mk