
Денес во Скопје се одржа петтиот по ред Еко самит, на којшто министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги додели наградите за најдобрите еко училишта, а меѓу најдобрите се најде и нашето основно училиште од Делчево “Ванчо Прке”…
Денеска во скопската општина Аеродром во скопје во едно од основните училишта се одрќа петтиот по ред Еко самит , на кој беа доделени зелени знамиња за најдобрите еко училишта и градинки во Република Македонија.
Како дел од оваа Програма, денес во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром во Скопје на петтиот по ред Еко самит, министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги додели наградите за најдобрите еко училишта, додека наградите за најдобрите еко градинки ги додели Амбасадорот на Швајцарската конфедерација Стефано Лазарото.
На Еко самитот во Скопје присуствуваше и делегација од ООУ “Ванчо Прке” од Делчево предводени од Директорот на училиштето Сашко Ивановски, на кои по четврти пат им беше доделено Зеленото знаменце со што нашето основно училиште од Делчево повторно се најде меѓу најдобрите Еко училишта во Македонија.
Инаку целта на Програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ е да се подигне свеста за заштита на животната средина кај децата од градинките и кај учениците од основните и средните училишта.