Увидот во Избирачкиот список за претстојните претседателски избори започнува утре (недела) и ќе трае до 7 март…

uvidot-na-izbirackiot-e0db4900

ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, го става Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни единици и месни канцеларии.

До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.

На 1 февруари, пак, започна да тече и рокот во кој граѓаните од дијаспората ќе можат да поднесат пријава за гласање за претседателските избори. Граѓаните исто така ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список и преку веб-страната на ДИК.