
Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги објави новите, малопродажни цени на нафтените деривати…
Со последната одлука, на 27 јануари, регулаторите ја зголемија цената на бензинот и дизелот за 0,5 денари. Во моментов малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 79.5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 69, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58 денари за литар.
Во текот на изминатава недела, поддршка на нафтените берзи им пружи повторната блокада на пристаништата на истокот на Либија, поради што извозот е намален за 600.000 барели дневно. Блокадата ги поттикна цените на лондонската берза, додека ниските температури во САД ја кренаа побарувачката за масло за домаќинство, а со тоа и цената на нафтата на американската берза.
Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели ја корегира малопродажаната цена на нафтените деривати водејќи се од просечната цена на суровата нафта на светските берзи во тековниот 14-дневен период, како и според односот на курсот на доларот и денарот.