Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати за половина денар…

Capture

Регулаторната комисија за енергетика одлучи цените на навтените деривати да се продаваат по поевтини цени за половина денар.

Еуросупер од 95 октани ќе се продава за 78,50 денари за литар, Еуросупер од 98 октани за 80,00 денари, а Еуродизелот ќе се продава за 68 денари.

Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое сега ќе чини 56,50 ден за литар. Цената на мазутот единствено се зголемува за 0,2 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,9 денари.