Од денеска не смее да се исплаќаат субвенции, да се сечат ленти, да се поставуват камен-темелници, не смее да одржува јавни настапи при започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани од буџетот…

izbori

Според новиот Изборен законик и терминот за претседателските избори од денеска па се до 27 април, Владата не смее да исплаќа субвенции, и вонредни исплати, не смее да одржува јавни настапи при започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани од буџетот, од јавни фондови или од пари на јавни претпријатија. Забрането е и сечењето ленти се до крајот на изборите.

Како што стои во Изборниот законик, се до завршувањето на претседателските избори не е дозволено да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати и да се одржуваат јавни настани по повод започнувањето на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, стои наведено во членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.