
Жените и мажите имаат различни гледишта по многу прашања. Смс-пораките се посебна категорија во која никако не се согласуваме, а ова се пораките од кои на мажите им се крева косата на глава…
Мора да разговараме!
Ова е грозно. Поголемиот број од мажите само ќе дојдат и ќе поразговараат без претходна најава. Кога ќе видат ваква порака, почнуваат да паничат бидејќи не знаат за што станува збор, а тоа многу ги нервира. Ако немате конкретна тема за што ќе разговарате подобро не му испраќајте вакви пораки.
Зошто не се јавуваш?
Ако не се јавува веројатно има добра причина за тоа или, пак, ве избегнува. Ако ве избегнува пораката во која го прашувате зошто ве избегнува нема никаква цел. Ако не се јавил поради некакви разумни причини како, на пример, го заборавил мобилниот дома или му се испразнила батеријата, тогаш вашата порака во која го напаѓате поради тоа нема да оставите добар впечаток.
Сакаш ли да ги запознаеш моите родители за викенд?
Ова дефинитивно не е материјал за смс-порака. Запознавањето на нечии родители е голема работа и не се договара преку пораки, краток разговор очи в очи е подобра варијанта.
Што правиш?
Ова можеби не е порака од пеколот, но многу мажи се нервираат кога ќе видат ваква порака. Тој веројатно не сака да одговори на ваква порака, но знае дека ќе се налутите ако го изигнорирате па неволно ќе почне да типка, а тоа го нервира. Подобро прашајте го што има на себе па зачинете ја малку комуникацијата.
Извор: Plusinfo.mk