Болната тема на сите мажи, кои се најголемите непријатели на вашиот пенис?

impotencija001

Порно филмовите

Претераното гледање на порно филмови може да предизвика психолошки проблем што на крај резултираат со еректилна дисфункција. Истражувањето потврдило дека постојаното гледање на порно филмови може да допринесе во одредени промени во вашиот мозок и да предизвика своевидна зависност, поради што мозокот понатаму нема да може да се возбуди без тој вид на стимулација.

Освен тоа, еректилната дисфункција може да биде охрабрена од стравот и срамот поради гледањето порно филмови. Затоа експертите препорачуваат делење на сексуалните фантазии со партнерката, бидејќи никогаш не се знае, можеби и она го дели истото мислење.

Висок притисок и холестерол

Еректилната дисфункција се поврзува со болести на срцето. Високиот крвен притисок и холестеролот го успоруваат протокот на крвта поради зголемениот притисок со што се доведува до оптоварување на работата на крвните садови, со
што истите не можат да функционираат нормално. Ова може да предизвика мозочен удар и да ги оштети нервите во телото, вклучувајќи ги и оние во гениталиите.

Затоа е важно да се внимава на здравјето, да се внесуваат помали количини на сол и преработена храна како и да се практикува физичка активност. Луѓето кои редовно вежбаат и имаат помал ризик од еректилна дисфункција.

Велосипедизмот не е најдобар избор

Велосипедизмот и јавањето се поврзуваат со еректилна дисфункција. Препоните се многу чувствително подрајче, па лошото седло може да ги оштети крвните садови и нервните завршетоци. Доколку често се занимавате со овие спортови потребно е да го изберете вистинското седло, кое навистина нема да влијае на негативен начин врз вашето здравје.

Грижа за финансии

Мажите повеќе се грижат за финансиите отколку за фамилијата и здравјето, тој стрес влијае и на сексуалниот живот. Поради ова, расте нивото на хормонот за стрес наречен кортизол кој ги стеснува крвните садови и го подигнува притисокот,
со што се успорува циркулацијата и се зголемува ризикот од еректилна дисфункција.

Апнеја

Рчењето може да резултира со појава на апнеја, која предизвикува прекин во дишењето на 10 до 30 секунди. Телото добива помалку кислород со што слабее циркулацијата, а со тоа и можноста за постигнување ерекција. Истражувањето потврдило дека од 18 милиони Американци кои боледуваат од апенеја, 63% од нив имале сексуални проблеми во врската, а 49% имале проблеми со постигнувањето на ерекција. Во случај на такви проблеми, најдобро е да побарате стручна помош.

Извор: Think.mk