Агенцијата за вработување денеска го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, со кој се планира да се вработат дипломираните млади лица до 29 години кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година…

dime-spasovewfr4t54t454

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска информираше дека субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице, а платата ќе виде 13.000 денари.

Денеска се објавени и огласи за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и обука за занимањата кои се бараат на пазарот на трудот од сообраќајната струка. Ќе бидат опфатени 170 лица, активни баратели на работа на возраст од 50 до 59 години, млади лица до 29 години со завршено основно или средно образование и долгорочно невработени лица. За реализација на мерката одвоени се 9 милиони 537 илјади денари од Буџетот на Република Македонија.

Обуката ќе трае до три месеци, а работодавачот ќе има обврска да вработи со полно работно време најмалку 50 проценти од оние кои ќе бидат вклучени во обуката. Невработеното лице ќе зема месечен надоместок од 5.700 денари со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршувањето на обуката, ќе биде обезбедена субвенција за бруто плата на невработеното лице во висина од 13 илјади денари, а работодавачот ќе мора да го задржи на работа во следните 12 месеци додека трае субвенцијата или на негово место да вработи друго невработено лице.

Со обуката за занимања од сообраќајната струка ќе бидат опфатени 30-тина лица.