
Сомалија, Конго, Судан, Јужен Судан и Чад ги зазедоа првите пет места на листата „пропаднати“ земји во 2013 година, која секоја година ја објавува американскиот Фонд за мир…
Индексот на пропаднати земји, кој излегува веќе деветта година по ред, се темели на неколку нивоа, како социјални, политички, економски и воени, а во предвид се земени и степенот на сиромаштво, почитувањето на човековите права, економскиот развој, задоволството на граѓаните, државната безбедност, легитимноста на државата и останати.
На листата се наоѓаат вкупно 178 земји, а сериозноста на ситуацијата е означена со неколку нијанси: црвена (алармантна), портокалова (предупредувачка), жолта (стабилна) и зелена (одржлива).
Од земјите во регионот во првите 100 на листата пропаднати земји се најдоа Босна и Херцеговина (83) и Србија (92). Македонија го зазеде 112-то место, кое е со светло портокалова боја и спаѓа во категоријата предупредувачка состојба.
Во стабилна категорија, од земјите во регионот, се наоѓаат Црна Гора (134) и Хрватска (135), а Словенија води со 163-то место.
Најуспешни и најстабилни земји се Финска (178), Шведска (177), Норвешка (176), Швајцарија (175) и Данска (174).