Јавното обвинителство отвори преткривична постапка за случајот „Актор“, соопшти јавниот обвинител Марко Зврлевски.

marko-zvrlevski-d-andonovskergv35ty45y45

Тој од Управата за финансиско разузнавање синоќа добил предмет во кој се бара блокирање имот и сметки за најмалку две трговски друштва, на кои не им ги открива имињата затоа што истрагата е сéуште во тек.

Од утрово сметките на двете фирми кои се наоѓаат под истрага се блокирани, но засега не се открива ниту дали се работи за домашни или странски трговски друштва.

Од Управата за финансиско разузнавање дури вчера информираа дека од ноември отвориле предмет за испитување на финансиските трансакции на грчката градежна компанија – изведувач на работите на автопатот Демир Капија – Смоквица.

За сомнителните трансакции во јавност прва излезе опозициската СДСМ со тврдење дека дури 3,5 милиони евра од сметката на „Актор“ биле извлечени на приватни сметки. Од Управата за финансиско разузнавање ја критикуваа опозицијата дека со обелоденувањето на трансакциите и направила штета на истрагата.

Извор: Faktor.mk