Започна изградбата на локалниот пат с.Стамер,с.Град и с.Вирче со кој пат се овозможува директно поврзување на овие села и се отвора простор за стопански развој на истите…

Capture1

Вчера со пригодна свеченост беше означен почетокот на изградбата на локалниот пат од селото Стамер до соседното село Град кој ќе продолжи и до селото Вирче, на која присуствуваа и Директорот на Јавното Претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски ,Градоначалникот Дарко Шехтански како и претставници од Локалната самоуправа и високи функционери од општината.

1604396_287922941357705_1697167759_n

Овој патен правец се гради со средства обезбедени од Владата на РМ преку заемот од Светска банка и со поддршка од Агенцијата за еднаков развој на руралните населби.

– Патниот правец кој ќе ги поврзе овие села е од големо значење за локалното население. Неговата должина е 3, 5 километри, а изведувач на работите е фирмата Ископ-проект” – рече градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански.

Инаку Директорот на Јавното Претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски  кој најави дека годинава ќе продолжи реконструкцијата на патот од Делчево до туристичко-рекреативниот центар на планината Голак, како и реконструкцијата на патот од Делчево до Македонска Каменица во должина од 7 км како и патот од Делчево до Пехчево.

Capture

Capture4