Гласините велат дека Apple се соочува со огромни проблеми при производството на својот прв паметен часовник, кој најверојатно ќе го носи името iWatch. Сепак, тоа нема да не спречи да разгледуваме концепти за уредот…

iwatch

Овојпат, концептот ни доаѓа од дизајнерот Todd Hamilton, кој инспирацијата ја зел од уредот на Nike, FuelBand. Изгледот на iWatch е скоро идентичен со FuelBand, но додадени се новите iOS икони и изглед.

Хардверски, внатрешноста на ремчето е направена од гума за помалку лизгање при носење, а приказот на информациите се прави по вертикална, наместо по хоризонтална линија. Целокупниот дизајн изгледа одлично, па прашањето е – дали овој уред доволно би ве привлекол за да одвоите 250-350 евра за него?

Извор: GSM.mk