Министерството за финансии денеска организираше две аукции на двегодишни и петгодишни државни обврзници, на кои од домашните кредитори бараше вкупно 11,2 милиони евра…

pari-denariНа првата аукција се продаваа двегодишни државни обврзници во вкупен износ од 600 милиони денари (9,7 милиони евра), со камата од 4 отсто без девизна клаузула. на втората аукција се продаваше петгодишна државна обврзница во вкупен износ од 95 милиони денари (1,5 милиони евра) и камата од 4,6 отсто со девизна клаузула.

Во информацијата за аукцијата не е посочен датумот за раздолжување. Владата веќе неколку аукции продава државни обврзници со подолг рок на враќање.

Според последните податоци на финасии, јавниот долг на централната влада заклучно со јануари изнесува 34,6отсто од  домашниот бруто  производ БДП.

Внатрешниот долг на Владата изнесува скоро 1, 2 милијарда евра.

Извор: Plusinfo.mk