Ако не сте задоволни од сегашната понуда на серии, имаме добра вест за вас. Во следниов период премиерно ќе бидат прикажани неколку нови серии со одличен потенцијал.

belive_

Критичарите најголема надеж положуваат во новата серија на HBO „True Detective“, но има уште неколку кои може да се покажат како добар производ.

– Believe

Режисер на пилот епизодата на оваа научно фантастична серија е Алфонсо Куарон кој изминатава година беше актуелен со филмот „Gravity“. Извршен продуцент е Џ.Џ.Абрамс, за кој не треба да се зборува премногу. Серијата е поставена околу два главни ликови. Едно мало девојче со натприродни способности и еден погрешно обвинет човек кој се обидува да го заштити детето.

Според најавите серијата ќе почне да се прикажува по завршувањето на ЗОИ.

– Intelligence

Поминаа четири години откако последен пат го видовме актерот Џош Холовеј на малиот екран. После серијата „Lost“, неговата кариера не отиде во нагорен тек, но тој се враќа со „Intelligence“ која да се надеваме ќе понуди квалитет. Холовеј ја толкува улогата на Габриел Вон, оперативец кој има вградено микрочип во мозокот преку кој ја добива секоја информација потребна да ги заштити САД од непријателот.

Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на 7.јануари.

– Helix

ште една научно фантастична серија. Оваа е поставена околу тим научници кои се соочуваат со можна епидемија на опасна болест. Во истрагата што ќе ја спроведуваат на Арктикот, еден од членовите ќе биде нападнат од вирус, а тимот ќе почне да разоткрива теорија на заговор.

Првата епизода е закажана за 10.јануари.

–  True Detective

Ова е серијата од која се очекува најмногу. Главните улоги ги толкуваат Метју Меконахи и Вуди Харелсон, но концептот е таков што главните улоги со секоја нова сезона ќе се менуваат. Во првата сезона Меконахи и Харелсон толкуваат улога на детективи кои се во потрага по сериски убиец. Таа потрага силно ќе влијае врз нивниот приватен живот.

Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на 12.јануари.

– Black Sails

Ако ги сакате пиратските авантури тогаш можеби ќе ви се допадне оваа серија. Креаторите ветија дека нема да наликува на хитот на Disney „Pirates of the Caribbean“ и дека приказната ќе биде далеку посериозна.

Првата епизода ќе биде прикажана на 25.јануари.

Извор: Mojatv.mk