Во јавноста се појавија информации за моделот Samsung GT-I9515, кој според извори блиски до компанијата, ќе го носи името Galaxy S4 Value Edition. Станува збор за поефтина верзија на популарниот телефон на Samsung…
Судејќи според достапните информации, овој телефон ќе биде со идентични карактеристики како оригиналниот Galaxy S4. Односно, ќе добиеме уред со 5 инчен екран на допир и FullHD (1080p) резолуција, Snapdragon 600 процесор кој работи на 1,9GHz и 2GB RAM. Камерата, просторот за складирање на податоци и изгледот ќе останат идентични.
Постојат три големи промени во овој модел:
- Телефонот ќе доаѓа со Android 4.4.2 KitKat, додека оригиналниот модел работеше на Jelly Bean
- Galaxy S4 Value Edition ќе доаѓа во 7 различни бои – црна, бела, кафеава, црвена, розева, лила и сина
- Како што и самото име сугерира, телефонот ќе биде поефтин од оригиналниот Galaxy S4, кој во моментот сеуште се продава за цена од околу 450-500 евра
Извор: GSM.mk