Ако на Фејсбук ви пристигне барање за пријателство од личност која ви е веќе пријател, обрнете внимание бидејќи најверојатно станува збор за новата интернет измама.  

facebook_ve_sledi_se_sto_pravete_na_nego-564x272

На најпопуларната друштвена мрежа започна да кружи нова измама преку која интернет измамниците можат да ја добијат вашата лозинка, да го хакираат вашиот компјутер и да ви го загорчат животот на многу начини.

Ако ви пристигне барање за пријателство од личност која ви е веќе пријател, обрнете внимание бидејќи најверојатно станува збор за новата интернет измама. Доколку станува збор за измама, профилот на личноста која ви го има испратено барањето ќе изгледа идентично како и профилот на вашиот вистински пријател со сите слики и пријатели кои би требало да ги има.

Со одобрување на пријателството ја внесувате новата личност во свој круг што би можело да доведе до кражба на лозинката или некој други измами. Така да измамниците би можеле да ви инсталираат вирус а можат и да ви го хакираат компјутерот или некои информации кои им се важни за да ве уценуваат. Притоа ќе ви биде оневозможен и пристап до вашиот е-маил.

Во прашање е нова измама за која малку се знае, но добро е да се внимава.

Извор: Mojatv.mk