Viber туку што ја објави својата последна верзија 4.0, воведувајќи ги новите стикери кои може да се симнат од неговиот маркет за прв пат до сега, исто така додадени се и многу напредни функции и подршка за повеќе софтверски платформи…

Заедно со новиот маркет за стикери, кој порасна од 50 бесплатни стикери во колекција со повеќе од 300 стикери кои чинат 1.99 долари, Viber исто така додава опција push-to-talk (притисни за да зборуваш).

Како и да е, Viber тврди дека користат специјална технологија за да се минимизира времето на чекање помеѓу гласовните пораки. Порано снимањето, праќањето, превземањето и слушањето (одземаше околу 45-60 секунди за просечна гласовна порака од 15 секунди), Viber push-to-talk го прави снимањето, праќањето и слушањето на гласовната порака наеднаш за време од четири до шест секунди.

Иако од технолошки аспект новиот маркет за стикери не е имресивен, сепак е важен продукт за компанијата. За прв пат е внесена опција која се плаќа во апликацијата за јавување и праќање пораки. Има повеќе од 1,000 стикери кои веќе се наоѓаат во маркетот, иако CEO Talmon Marco  планираат да внесат со тек на време уште стикери, почнувајќи со околу 300.

Приближно пола од стикерите се лиценцирани од три страни, како цртани и ТВ серии, додека другата половина се креирани од тим од 20 дизајнери од целиот свет. Viber не открива колку е платен лиценцираниот материјал.

Секако, Viber има други рути за монетизација, вклучувајќи терминирање на повикот (бизнис со кој експериментира компанијата) како и Viber Out.

Viber Out е првокласна опција која им овозможува на корисниците да направат повик кон било кој телефонски број (дури и тие што не користат Viber).

Заедно со push to talk и објавувањето на маркетот за стикери, Viber овозможува апликацијата да функционира на Андроид таблети, понудувајќи слична функционалност како за обичните компјутери. Корисниците на Андроид таблетите ќе можат да праќаат пораки и да се јавуваат и со притискање на едно копче да се префрлаат од таблет на телефон.

Новата верзија на Viber можете да ја превземете на следниот линк:

 

Извор: GSM.mk