Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го повикала медијаторот Метју Нимиц да информира за преговорите за името на Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

‘Republika-Veriore-e-Maqedonisë’-propozimi-i-fundit-i-Nimicit

Оваа информација ја соопшти провладиниот грчки весник „Катимерини“, додавајќи дека состанокот на Комисијата, на кој би требало да присуствува и медијаторот, треба да се одржи во февруари.

Последната рунда преговори за името се одржа во Њујорк во октомври минатата година. Нимиц тогаш, како и вообичаено, прво одвоено се сретна со амбасадорите Јолевски и Василакис, а потоа одржаа и заеднички состанок. Според грчките медиуми, тогаш на маса сè уште беше априлскиот предлог „Горна Република Македонија“.

По средбите во Њујорк, Нимиц на новинарско прашање дали Вашингтон и Москва можат да извршат притисок врз Атина и Скопје, ги повика сите, од секоја владина организација позитивно да влијаат со цел процесот на преговори да успее.

– Секогаш ги охрабрувам сите кои можат да имаат позитивно влијание врз ова прашање да го направат тоа. Овие преговори се во рамките на ОН и се утврдени со Советот за безбедност и Привремената спогодба. Но, тоа не значи дека други не можат позитивно да придонесат. Затоа ги повикувам сите, од секоја владина организација, позитивно да влијаат со цел процесот да успее – ја пренесоа тогаш грчките медиуми изјавата на Нимиц.

Извор: Sky.mk