Претерувањето со храна и пијалаци се честа појава за време на празниците, поради тоа не чуди фактот што здравствените установи на новогодишната ноќ имаат полни раце работа…

hranaЗа да ги избегнете стомачните тегоби, лекарите советуваат почести, а помали оброци, алкохолните пијалаци пијте ги умерено, и „никако на празен стомак“.

Секое претерување во јадење и пиење може да биде опасно, пред се за хронични болни – дијабетичари, оние кои имаат зголемени маснотии во крвта, кардиоваскуларни болести, заболен црн дроб.

Оброците за време на празниците треба да бидат помали, а почести, храната да не се конзумира брзо, туку полека.

За оние кои сепак за време на празниците ќе претераат со јадење, особено со мрсна храна, наредниот ден треба да земаат полесна храна – супи, чорба.

Кога станува збор за алкохолот, ниту со него не треба да се претерува, туку да се пие умерено, една чаша аперитив, до две чаши вино би биле некој оптимум со ручек или вечера.

Чашка повеќе би можела да доведе до стомачни проблеми, мачнини, повраќање, но и проблеми во сообраќајот.

За оние кои ќе претераат со алкохолот во новогодишната ноќ, совет е по дочекот да пијат многу течности за да го детоксифицираат организмот.

Извор: Plusinfo.mk