
И покрај тоа што многу луѓе мислат дека знаат сè за сексот, секогаш ќе постојат непријатни прашања кои не се осудуваат да ги постават…
Еве неколку одговори на таквите прашања.
Може ли случајно да дојде до мокрење за време на сексот?
Одредени пози во сексот, како што е мисионерската може да доведат до зголемен притисок на тоа подрачје, што може да доведе до мало протекување. Ако ова се случува ретко, нема потреба за загриженост. Ако течноста која протекла е без мирис, тогаш најверојатно дошло до ејакулација. Но, ако за време на секс редовно протекува по малку урина тоа може да биде знак за инконтиненција. За ова пореметување се препорачуваат Кегеловите вежби, но и советување со гинеколог.
Зошто понекогаш за време на сексот неконтролирано плачам или се смеам?
Се работи за интензивен чин во кој сме разголени пред друга личност, што кај некои жени може да предизвика неочекувани чувства и реакции. На емоционалните реакции можат да влијаат и хормоните, како и стравовите кои ги имате во својата врска. Вие сами најдобро си знаете, ако чувствувате дека нешто не е во ред, зборувајте со партнерот или посоветувајте се со терапевт.
Дали е нормално да крварам за време на секс?
Ако крвта е со посветла боја и тоа се случило само еднаш, после жесток секс, тогаш тоа е најверојатно последица од иритација. Но, ако тоа се повторува и количеството на крв е поголемо, задолжително е да се посети гинеколот. Тоа би можело да биде последица од инфекција како хламидија или гонореја.