Иако можеби безброј пати сте слушнале дека слатките не се добри за вашиот организам, дека стресот не е здрав, дека по секоја цена треба да го избегнувате лебот – еве неколку факти кои покажуваат дека сите овие работи во мали количества можат да бидат многу корисни за вашето здравје…

id-197310026352d163b1d24f0955444052_orig-d9399acd

Чоколадо

Личностите кои умерено консумираат црно чоколадо живеат година дена повеќе од оние кои воопшто не јадат, или пак претеруваат со чоколадо.

Црно вино

Умерени количества црно вино се добри за вашето срце. Исто така, некои состојки во него го забавуваат стареењето, го чуваат видот и коските.

Стрес

Долготрајниот стрес е лош за вашето здравје, но повремениот стрес може да го поттикне вашиот имун систем.

Сладолед

Сладоледот помага во ублажувањето на симптомите од ПМС.

Леб

Лебот, посебно оној од интегрални житарици за доручек дава енергија за цел ден.

Освен овие работи, исто така добро е умерено да консумирате кафе, да грицкате суво овошје, да се предадете на работата, да читате весници и да решавате крстозборки.