Дали сте знаеле дека големите светски водачи Хитлер и Наполеон имале по еден тестис, кој ја преживеал катастрофата на бродот Титаник или пак што сè придонел Леонардо Да Винчи за современиот свет. Ова се некои од најинтересните  факти кои се многу малку познати во јавноста…

napoleon and hitler– Пред 4.000 години во древниот Вавилон било обичај таткото на невестата да го опива зетот месец дена по свадбата. Пијалокот бил вид на пиво добиено од мед. Оттаму поттекнува изразот меден месец или на англиски „Honey moon“.

– Бувовите се единствени птици кои ја гледаат сината боја.

– Тектонските плочи на Земјата се движат со иста брзина со која расте нокотот на човекот.

– Камелеонот има јазик чија должина е поголема од половина од должината на неговото тело.

– Кечапот потекнува од Кина.

– Пчелите и желките се наглуви.

– Нулата е единствениот број кој не се прикажува со римски бројки.

– Глувците може да живеат подолго без вода отколку камилите.

– Во шахот се користи изразот „шах-мат“ што на персиски јазик значи „кралот е мртов“.

– Во нашето тело болката се движи со брзина од 110 километри на час.

– Катастрофата на „Титаник“ ја преживеале и две кучиња .

– Тираносаурус Рекс е најблискиот преживеан сродник на пилето.

– Најголемата светска фирма е индиската железница, има повеќе од милион вработени .

– Нилскиот коњ има дебелина на кожата околу 6,5 сантиметри и го штити дури и од куршуми.

– Американските астронаути мора да бидат пониски од 180 сантиметри.

– Првиот имеил преку интернет е испратен во 1972 година .

– Ножиците ги изумил Леонардо Да Винчи.

– Само зајакот и папагалот немаат потреба да ја свртат главата за да го видат својот грб.

– Кравата може да се опие ако се храни со јаболки.

– Химната на Грција има 158 строфи, не постои Грк што ја знае напамет.

– Додека умира човек прво го губи видот, па сетилото за вкус, па мирис, допирот и на крај слухот.

– Хитлер и Наполеон имале по еден тестис.

– Леонардо да Винчи бил во состојба истовремено со една рака да пишува а со другата да црта.