Добрите хигиенски навики и редовната посета на стоматолог се примарна заштита за одржување на блескава насмевка и здрави заби…

2688.14f7ae2743ff82fab6e1c16f0e44cba8

Нашите заби се изложени на одредени неповолности за кои не сме свесни и не им обрнуваме внимание. Меѓу навиките кои оставаат долготрајни последици на нашата насмевка се вбројуваат токму овие за кои ќе прочитате во продолжение.

Агресивно четкање заби
Четкањето заби е еден од начините за добивање убава насмевка, но многу е важен и начинот на кој ги четкате забите. Агресивното четкање заби ја уништува глеѓта и предизвикува чувствителност на забите.

Претерано консумирање на храна која содржи киселини
Газираните пијалоци, алкохолот и гумените бомбони содржат киселини кои со текот на времето ги нагризуваат забите и ја уништуваат глеѓта до таа мера што е тешко да се обнови. Првата индикација за постоење на овој проблем е чувствителност на забите на топло и ладно и крварење на непцето за време на четкањето на забите. Ако не можете да им одолеете на овие производи, неутрализирајте ја pH вредноста во устата со консумирање на поголема количина вода и сирење. Газираните пијалоци пијте ги со сламка, бидејќи на тој начин ќе го задржите нивното задржување во устата.

Избелување на забите
Многумина сакајќи да имаат блескава насмевка неконтролирано користат бројни препарати за избелување на забите. Стоматолозите предупредуваат да се внимава на составот на таквите производи кои содржат „агресивни“ состојки бидејќи истите го нагризуваат минералниот состав на забите и предизвикуваат напукнување на глеѓта.

Топло јадење во комбинација со ладен пијалок
Топлите закуски предизвикуваат ширење на глеѓта, после што не се препорачува консумирање на ладни пијалоци. Во тој случај забите се изложени на нагли температурни промени, поради што се појавуваат мали пукнатини на глеѓта и жолти дамки. Решение за ваквиот проблем е да јадете со прибор за јадење, бидејќи додека залакот стигне до устата малку ќе се излади, а пијалоците консумирајте ги без лед.

Користење погрешна паста за заби
Бројни пасти за заби ја уништуваат глеѓта бидејќи содржат премногу јаки состојки. RDA е единица која ја означува абразивноста на пастата за заби. RDA 100 се абразивни пасти, RDA 150 се пасти со посилна абразивност и RDA 200 се пасти кои стоматолозите е ги препорачуваат.

Користење на забите како „алат“
Убедливо најлошата навика која многумина од нас ја прават несвесно е отворање пијалоци, пластички пакувања или кршење тврди предмети со заби.

Недоволно четкање на забите и ретко испирање на усната шуплина
Четкање на заби се препорачува два пати дневно со траење од две минути. На тој начин се намалува можноста за појава на кариес. Притоа, забниот конец игра многу важна улога, бидејќи овозможува успешно да се отстрани храната до која со четката немаме пристап. Испирањето на усната шуплина е неопходно бидејќи на тој начин ги отстрануваме бактериите.