Сеуште има нестабилност во централните и источните делови на земјава, а најмногу јужните, информира УХМР…

dozd-685x320

Поголемиот дел од државата вечерва е зафатена со силен дожд и ветер, интензивни силни електрични празнења и појава на град.

Сеуште има нестабилност во централните и источните делови на земјава, а најмногу јужните, информира УХМР.

До 19 часот се навранти 24 литри дожд во Маврово, 22 во Пожаране, 18 во Тетово со појава на град, 14 литри во Прилеп и Лазарополе, 13 во Битола, 10 во Охрид и Демир Капија, 9 во Скопје, Петровец и Претор, 5 на Зајчев рид, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.

На планините и превоите врнежите од дожд преминуваат во снег. На Маврово се наврнати 6 сантиметри снег.