Сода бикарбоната нема трајно да ги излекува ваштите акни, но доколку сакате детоксикација на телото, овој повеќенаменски производ ќе ви го направи животот полесен…

soda bikarobna

Нашите мајки знаат дека со помош на сода бикарбоната лебот може подобро да нарасне или дека мирисите од ладилникот исчезнуваат.

Но, овој производ има свои намени во козметиката и во заштита на здравјето. Старите Египќани користеле состојка слична на сода бикарбоната како сапун. Оваа супстанца е антисептична, делува против габичките и како благ пилинг. Сода бикарбоната ќе ги отстрани дамките од кафе, вашите заби ќе ги направи побели, а може да ви ги олесни и болките во стомакот.

Пилинг за лице со сода бикарбона. Сите средства за пилинг содржат груби супстанци кои можат да го оштетат површинскиот слој на кожата. Сода бикарбоната е одличен пилинг, не само за лицето, туку и за лактите и за стапалата. Делува против акните, а добро е да се измеша со мед.

Направете дезодоранс. Измешајте 10 мали лажички сода бикарбона со своето омилено есенцијално масло и нанесете го под пазувите.

Третман против акни. Омилениот домашен рецепт за акни е глината. Меѓутоа, сода бикарбоната е уште поделотворна – измешајте ја со неколку капки вода и нанесете ја директно на проблематичното место. Акните набрзо ќе се исушат.

Чистење на косата. Доколку сакате да ја намалите употребата на вештачките шампони, содата е вистинското решение. Во една чаша млака вода сипете една мала лажичка од овој прашок. Откако ја навлажните косата, сипете ја подготвената смеса. Исчешлајте ја и плакнете ја косата додека не стане мека и мазна.

За смирување на стомачните тегоби. Киселината, гасовите и другите стомачни проблеми брзо исчезнуваат благодарение на сода бикарбоната. Измешајте една мала лажичка сода бикарбона во една шолја топла вода и испијта ја.

Дoполнителен совет: користете сода бикарбона наместо сапун бидејќи ги отстранува мртвите клетки и ја прави кожата помека.