Бранко Црвенковски

Пред неколку часа на интернет се појавија четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „Vk.com“.

Во еден од разговорите наводно се гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкулоска, кои се договараат како да се постават пред медиумите.

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.

„Јас не ги коменторав претходните, нема ни овие. Тоа е на некој начин грубо кршење на приватноста. До сега нити некој потврди дали се веродостојни, каква е новната содржина, кој снимал, како снимал, истакна Горана Јанкуловска за Скопје1.мк

Таа меѓу другото додава дека бомбите единствено се искористени во политички цели и за судски прогон, така да немам што да коментирам, вели Јанкулоска.

Повеќе на Скопје 1