Поради градежни работи на магистралниот пат Делчево – Македонска Каменица се вози по една коловозна лента…

pat_magla

На патниот правец Македонска Каменица – Делчево, на два километри пред Делчево, од 8 до 17 часот се изведува контролирано растоварување на косините поради што во одредени временски периоди сообраќајот се одвива со кратки застои наизменично по една коловозна лента регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација.

Работите на пат се очекува да завршат во текот на следната недела.

Извор: Plusinfo.mk