
Дали висината е важна кога е во прашање привлечноста и љубовта? Колку и да не му се допаѓа тоа некому, за жените таа е многу важна…
Резултатите од едно неодамнешно истражување покажаа дека на жените, пред сè потсвесно, им одговара кога мажот е повисок од нив, бидејќи тоа покажува дека тој е силен и може да им пружи заштита.
Секако, со тоа доаѓа и изразеното чувство на женственост и нежност. Иако се работи за стереотипи, тие еволуциски имаат своја основа во реалноста.
Научниците заклучиле дека висината им е многу поважна на жените отколку на самите мажи. На пример, мажите воопшто не се замарале за висината на жената при избор на партнерка, додека во другиот случај било обратно.
Во многу примери во психологијата често можеме да видиме дека партнерите се привлекуваат врз основа на сличноста. Ги бираме оние кои ни се слични, најчесто несвесно. Меѓутоа, тоа не е случај со физичките карактеристики како висината, што се покажало важно кај жените.