
При крај се подготовките за Зимската Олимпијада во Сочи, Русија, а спортисти од целиот свет се собираат во руското одморалиште кое од утре ќе биде во на спортските случувања…
Но, гостите кои доаѓаат во Сочи, веројатно ќе бидат најзачудени од олимписките тоалети. Откако пред неколку дена беа објавени фотографии на тоалети со по две ве-це школки, на интернет излегоа фотографии и од правилата кои треба да се почитуваат во тоалетите, кои предизвикаа бура од реакции на социјалните мрежи.
Канадскиот сноубордер Себастијан Тутан со мобилен телефон ги снимил забраните во тоалетите и ги објави на Твитер, а тие веднаш станаа предмет на потсмев.
Ограничувањата се илустрирани со слики, со цел да бидат разбирливи за сите.
Илустрираните забрани покажуваат дека спортистите и гостите на Олимписките игри, не смеат да уринираат стоејќи над тоалетот. Забрането е качување и стапнување врз тоалетната школка, како и повраќање и дрогирање во тоалетните кабини.
Најчудна од сите е забраната за ловење на риби од тоалетите со трска.